На средбата со граѓаните од општина Карпош, Каја Шукова, кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, упати остра критика до актуелната локална и централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за, како што рече, четиригодишна блокада и неспособност да понуди функционален концепт за јавен транспорт.
– Додека скопјани мака мачеа со хаосот во јавниот превоз, цели четири години ВМРО-ДПМНЕ го блокираше проектот за БРТ. Иако немаа и се уште немаат никаков концепт.
Четири години не понудија ништо, скопјани ги оставија сами, да чекаат предолго и да не знаат дали воопшто ќе има автобус, да се варат по горештините или да мрзнат кога е ладно. Денес ретерираат и велат дека ќе го „разгледале“, па што чекаа 4 години?, рече Шукова.
Таа нагласи дека како иден градоначалник целосно ќе го спроведе проектот за БРТ кој е вистинско решение за јавниот превоз во Скопје.
