Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Забава»Фолк-пејачка Силвана Крстовска, блесна во полн сјај на тетовскиот плоштад
    Забава

    Фолк-пејачка Силвана Крстовска, блесна во полн сјај на тетовскиот плоштад

    29/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во рамки на манифестацијата „Тетовско културно лето 2025“, вечерта на 27 јули, тетовскиот плоштад беше исполнет со фолклор, музика и гордост, а тетовчани имаа можност да уживаат во настап на разни играорни групи и вокални изведувачи. Настанот „Фолклорни игри под Шара“ ги обедини традицијата и современата естрада, а особено внимание привлече настапот на познатата тетовска фолк-пејачка Силвана Крстовска.

    Силвана се претстави со две родољубиви композиции – „Наше Тетовско“ и нејзината нова песна „Раотински Илинден“, реализирана во соработка со групата „Мистерија“ од Канада. Тетовската фолкерка ја воодушеви публиката, а сцената дополнително беше збогатена со настапот на младите играорки Јана Евкоска и Сандра Смиљановска кои гордо го носеа македонското знаме.

    Покрај изведбата, Крстовска вечерта со нејзиниот стајлинг во црвено и црните и црвени нишки врз нејзините раце го привлече вниманието на присутните – а тоа фолкерката го искористи да испрати симболична порака.

    На прашање за симболиката, Крстовска одговори: „Црвените и црните конци на рацете се всушност конците од ‘Везилка’ на Блаже Конески. Моите песни се родољубиви, исполнети со љубов кон татковината, народот, верата и славата Илинден. Како уметничка – и пејачка и поетеса – одлучив овие две форми да ги спојам на сцената. Верувам дека тоа беше полн погодок.“

    „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“ е културно-уметничка и спортска манифестација што се одржува од 16 јули до 3 август, под организација на Општина Тетово и помогнато од донатори. Програмата опфаќа спортски активности, изложби на стари и луксузни возила, како и културни настапи на заедниците – албанската, македонската, турската и ромската – кои преку музика и танци промовираат социјална кохезија.

    Поврзани вести:

    Меморија ќе го отвори Ohrid Wine Festival Vol. 5

    Меморија ќе го отвори Ohrid Wine Festival Vol. 5

    Ракун обил продавница и пиел виски, заспивајќи на подот од пијанство

    Ракун обил продавница и пиел виски, заспивајќи на подот од пијанство

    За прв пат светската ѕвезда Емели Санде  пред македонската публика на 7 ноември во Скопје

    За прв пат светската ѕвезда Емели Санде пред македонската публика на 7 ноември во Скопје

    (ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца извади бугарско знаме и го стави на грбот – публиката ја исвирка

    (ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца извади бугарско знаме и го стави на грбот – публиката ја исвирка

    (Видео) 18 години од загинувањето на Тоше Проески, утре хепенинг на „неговата“ улица во Ново Лисиче

    (Видео) 18 години од загинувањето на Тоше Проески, утре хепенинг на „неговата“ улица во Ново Лисиче

    Светски ден на менталното здравје

    Светски ден на менталното здравје

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    01/09/2026

    Дневен хороскоп 30 август 2026: Што им носи денешниот ден на хороскопските знаци?

    30/08/2026

    Се вери најстарата ќерка на Силвестер Сталоне

    29/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.