Маскираниот провалник влегол во затворена продавница за алкохол во Вирџинија рано во саботата и го нападнал долниот ред на полици, каде билo сместенo виски. Бандитот бил вистинска ноќна „закана“: шишињата биле скршени, паднала плоча од плафонот, а алкохолот бил излеен секаде по подот.
Осомничениот се однесувал како животно, бидејќи, всушност, бил ракун.
Во саботата наутро, вработен во продавницата за алкохол во околината на Ашленд, Вирџинија, го пронашол ракунот како е победен од пијанство и заспан на подот во бањата, на крајот од својата пијана акција.
„Јас лично ги сакам ракуните“, изјавила Саманта Мартин, службеничка во локалната контрола на животни. „Смешни се тие мали суштества. Ракунот пропадна низ една од плочите на плафонот и почна целосна дивотија, пиејќи сè.“
Мартин рекла дека го однела ракунот назад во азилот за животни, и дека се смееела цел пат.
„Уште еден ден во животот на службеник за контрола на животни, претпоставувам“, рекла таа.
Заштитата и азилот за животни на округот Хановер ја пофалија Мартин за справувањето со провалата и потврдија дека ракунот се трезнел.
„По неколку часа сон и без никакви знаци на повреда (освен можеби мамурлак и лоши животни одлуки), безбедно бил вратен во дивината, со надеж дека научил дека провала и влегување не се решение“, изјави агенцијата.

