Во тек е изградбата на нов урбан парк со повеќе содржини во Марино, објавија од општина Илинден. Паркот ќе биде сместен помеѓу улиците „531“, „532“ и „534“ на површина од приближно 5.600 м².
Проектот предвидува комплетно партерно уредување, инсталација на улично осветлување, поставување на чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и сервисна улица. Просторот ќе содржи зелени површини, отворен плоштад за јавни настани, фонтана во централниот дел, жардињери со декоративни растенија и детско игралиште опремено со реквизити за најмладите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
