Во функција на подобрување на јавната хигиена, ефикасно справување со еколошки предизвици и брза реакција на терен, Општина Ѓорче Петров го презентираше новиот специјализиран камион за отстранување отпад и санација на критични точки долж реката Лепенец.
Возилото е наменето за интервенции во кризни услови, отстранување диви депонии и пристап до тешко достапни терени, што претставува сериозен чекор напред во зајакнувањето на теренската подготвеност и оперативните капацитети на општинските служби.
На презентацијата присуствуваа министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот Александар Стојкоски
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
