ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „пајак“ санкционираа 98 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението на претпријатието.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
