Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски: Пожарите се под контрола, го активиравме ЕУ-механизмот
    Политика

    Мицкоски: Пожарите се под контрола, го активиравме ЕУ-механизмот

    28/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ситуацијата со пожарите во државава е под контрола и оти во моментов нема огнена стихија којашто е надвор од контрола. За најголем дел од пожарите, вели премиерот, постојат сознанија дека се подметнати.

    -Имаме од 30 па и повеќе пожари секој ден, вчера беа над 50 пожари. Најголемиот дел од нив постои сомневање дека се подметнати или пак од негрижа се имаат случено. Досега можам да кажам дека во јули месец ја држиме работата целосно под контрола. Во функција се сите оперативни летала коишто ги има Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата и полицијата. Во функција се оние специјални возила условно да кажам, коишто ги подготвивме, бидејќи знаевме што не очекува ова лето, нагласи Мицкоски.

    Премиерот потсети дека е активиран и Европскиот механизам, но, како што кажа, со оглед на тоа дека пожари беснеат насекаде во Европа, најверојатно нема слободни воздухоплови кои би биле дел од тој ЕУ механизам којшто би помогнал.

    -Европскиот механизам е активиран уште пред неколку дена, но имајте предвид дека ваков тип на огнена стихија има насекаде во Европа, зборувам во медитеранскиот дел. Во Грција има жртви, огромни пожари, цел населби се зафатени, во Турција исто така има жртви и повредени, цели населби, цели градови, Албанија, Косово, Босна, Хрватска, Србија, до пред некој ден знам дека имаше околу 240 на ден. Во Шпанија, Италија, Кипар, исто така. Така што во овој момент нема слободни еве да речам воздухоплови коишто би биле дел од тој ЕУ механизам којшто би помогнал, рече Мицкоски.

    Премирерот кажа дека во моментот повеќе од 200 припадници на армијата се на терен, како и полициски службеници, полицијаците ги возат специјалните возила БТР-и, Пинцгауери, хермелини…

    -Се организираме, работата е под контрола. Ќе се случува цело лето, ќе има и во август месец. Така што во овој момент немаме некаде огнена стихија која што е надвор од контрола, додаде Мицкоски.

    Според информациите на ЦУК од утрово, во  текот на изминатото деноноќие на територијата на држававасе регистрирани вкупно 51 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, седум се под контрола и 36 се изгаснати. 

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.