Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»„Ние на гробовите фрламе вода, тие со децата на одмор“, гнев и тага на родителите од Кочани
    Некатегоризирано

    „Ние на гробовите фрламе вода, тие со децата на одмор“, гнев и тага на родителите од Кочани

    27/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На 16-от по ред „Марш на ангелите“ што се одржа во Кочани, родителите на трагично загинатите деца во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ на 16 март оваа година, упатија остар јавен повик до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал (ОЈО ГОК), од кое бараат отчет за текот на истрагата и можниот обвинителен предлог против над 20 полициски службеници од ОВР Кочани и СВР-Штип.

    Маршот започна во 18:05 часот од Паркот на револуцијата и заврши пред зградата на Основниот суд и Обвинителството во Кочани. Главната порака што ја испратија родителите и семејствата беше: „Слушнете го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“.

    Искажана беше длабока фрустрација поради, како што наведуваат, „целосната незаинтересираност“ на надлежните институции и забавената постапка за утврдување одговорност кај полициски службеници кои, според нив, не презеле навремени и соодветни дејствија за спречување на трагедијата.

    Една од мајките, во обраќањето пред Општина Кочани, нагласи дека денешниот датум симболично се поклопува со годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година, кога животот го загубија голем број луѓе. Таа потенцираше дека, покрај сеќавањето на таа национална трагедија, овој ден сега е и симбол на најголемата цивилна катастрофа во поновата историја на Македонија – пожарот во „Пулс“, во кој животот го загубија 62 деца, над 200 беа повредени, а повеќе од 300 останаа трајно психолошки и емоционално обележани.

    Родителите, освен критика до институциите, упатија и разочарување од слабиот одѕив на граѓаните, особено на семејства кои, како што велат, претрпеле слична загуба, но не се приклучиле на маршот.

    „Блазе им на оние што заминуваат на летни одмори со своите деца. Ние на нашите деца фрламе вода врз гробовите, за да ги разладиме“, рече една од мајките, повикувајќи ги обвинителите да прекинат со, како што наведе, развлекување на постапката и да го преземат својот дел од одговорноста.

    Со овој марш, родителите уште еднаш потсетија дека сеуште чекаат правда – не само за своите деца, туку и за сите жртви на системскиот пропуст што, според нив, кулминирал во ноќта на 16 март 2025 година, која засекогаш ќе остане запишана како ден на национален срам и колективен неуспех.

    Поврзани вести:

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    20/10/2026

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    19/10/2026

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.