„Напуштањето домашни миленици, особено кучиња, не е само лична или семејна одлука – тоа е чин што остава трајни последици врз целиот град и неговото функционирање. Она што за некого е „само едно куче“, за градот станува проблем со јавно здравје, безбедност, етика и јавна потрошувачка“, велат од ЈП „Лајка“:
Од таму апелираат да не се напуштаат милениците, оти кога сопственик ќе напушти миленик, тоа животно завршува на улица, но таа не е природна средина за него. Градските улици полека се претвораат во несоодветни прибежишта, полни со гладни, болни и често уплашени животни, кои се борат за преживување. Овие услови не се одржливи ниту за животните ниту за луѓето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
