Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Снегот ја покри Македонија: Патиштата проодни, но забрана за камиони на неколку планински превои
    Република

    Снегот ја покри Македонија: Патиштата проодни, но забрана за камиони на неколку планински превои

    29/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Скопје и повеќето градови во Македонија утрово се разбудија покриени со снег, откако снежните врнежи што започнаа вчера донесоа вистински зимски услови во речиси целата држава. Иако снегот предизвика отежнати услови за возење, од ЈП „Македонија пат“ информираат дека сите државни и регионални патишта се проодни, а сообраќајот се одвива по влажни коловози.

    РЕКЛАМА

    Сепак, поради снежните врнежи и опасноста од лизгави коловози, воведени се забрани за движење на тешки товарни возила на неколку планински превои и патни правци. Забраните се однесуваат на патниот правец Маврово – Дебар и планинскиот премин Стража, каде што ограничувањата се воведени вчера од 18 часот, како и на магистралниот пат Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, каде што забраната важи од 22 часот и 15 минути. Од 20 минути по полноќ забрането е движењето на тешки товарни возила и на патот Битола – Ресен, преку планинскиот премин Ѓавато. На превојот Буково, на патниот правец Ресен – Охрид, забраната е укината утрово во 7 часот и 30 минути, додека од 7 часот повторно е нормализиран сообраќајот за сите возила на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево.

    РЕКЛАМА

    Од „Македонија пат“ соопштуваат дека целата расположлива механизација е ангажирана на расчистување на снегот, а дежурните екипи се распоредени на критичните планински превои низ државата. Обезбедени се доволни количества сол и ризла, како и потребниот број работници за одржување на патиштата и непречено одвивање на сообраќајот. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    Надлежните апелираат до возачите задолжително да користат зимска опрема, да ја приспособат брзината на условите на патот и да бидат особено внимателни на планинските превои и делниците каде што постои опасност од одрони.

    Поврзани вести:

    Некогаш се славеше како Ден на Републиката: 29 Ноември – празникот на поранешна Југославија

    Некогаш се славеше како Ден на Републиката: 29 Ноември – празникот на поранешна Југославија

    Сиљановска-Давкова: Децата уште од градинка треба да ги учиме дека насилството е неприфатливо

    Сиљановска-Давкова: Децата уште од градинка треба да ги учиме дека насилството е неприфатливо

    Обвинителството отвори постапка за тешко повредената жена од Гостивар, сопругот е приведен

    Обвинителството отвори постапка за тешко повредената жена од Гостивар, сопругот е приведен

    Речиси секој четврти активен млад човек е невработен, Македонија бара 10.000 странски работници

    Речиси секој четврти активен млад човек е невработен, Македонија бара 10.000 странски работници

    За православните верници денеска започнува Божикниот пост

    За православните верници денеска започнува Божикниот пост

    Уставниот суд го оцени за неуставен Колективниот договор за културата – одлуката е со одложено дејство од 1 април

    Уставниот суд го оцени за неуставен Колективниот договор за културата – одлуката е со одложено дејство од 1 април

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    македонија скопје Снег
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Некогаш се славеше како Ден на Републиката: 29 Ноември – празникот на поранешна Југославија

    29/11/2026

    Сиљановска-Давкова: Децата уште од градинка треба да ги учиме дека насилството е неприфатливо

    28/11/2026

    Нови случаи на малолетничко насилство во Скопје

    28/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.