Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Естонија од 1 декември ја затвора границата со Русија
    Свет

    Естонија од 1 декември ја затвора границата со Русија

    28/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Естонија најави дека од 1 декември ќе ја затвори границата со Русија, како одговор на зголемените безбедносни закани, саботажите и хибридните напади насочени кон европските држави.

    Одлуката ја соопшти естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахкна, за време на официјалната посета на Азербејџан, каде што присуствуваше на свеченото отворање на новата естонска амбасада во Баку.

    Шефот на естонската дипломатија посочи дека властите во Талин не се задоволни што мора да преземат ваков чекор, но нагласи дека заштитата на националната територија и зајакнувањето на европската безбедност се приоритет.

    Естонија, која има директна копнена граница со Русија, ја образложува одлуката со зголемените безбедносни ризици и зачестените саботажи и хибридни напади врз европската инфраструктура, за кои естонските власти ја обвинуваат Москва.

    Паралелно со заострувањето на безбедносните мерки на источната граница, Естонија го проширува своето дипломатско и економско присуство во регионот на Јужен Кавказ.

    По отворањето на амбасадата во Ерменија претходно годинава, со воспоставувањето дипломатска мисија во Баку, Талин ја продолжува стратегијата за долгорочно присуство во овој регион.

    Цахкна оцени дека мировниот процес и нормализацијата на односите меѓу Азербејџан и Ерменија создаваат нови можности за регионална соработка и развој.

    За време на посетата, естонскиот министер оствари средби со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и министерот за надворешни работи Џејхун Бајрамов, при што ја изрази поддршката на Естонија за процесот на визна либерализација меѓу Азербејџан и Европската унија.

    Во фокусот на билатералните разговори биле и енергетската безбедност, развојот на Средниот транспортен коридор што ги поврзува Азија и Европа, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција.

    Двете земји планираат продлабочување на соработката меѓу јавните институции и приватните компании, како и зајакнување на врските во областа на туризмот и студентската размена.

    Цахкна во Баку пристигнал директно од Киев, каде што, според неговото сведоштво, украинскиот главен град претходната ноќ бил изложен на силни напади со балистички ракети.

    Тој нагласи дека безбедносните предизвици во различни делови од светот се меѓусебно поврзани, истакнувајќи ја важноста на континуираната меѓународна поддршка за Украина во пресрет на зимскиот период.

    Естонија следната година ќе биде кодомаќин на Конференцијата за обнова на Украина, а Цахкна во Баку изрази благодарност за досегашната хуманитарна помош што Азербејџан ѝ ја обезбедил на Украина.

    Вредноста на оваа поддршка надминува 50 милиони долари и опфаќа испорака на храна, лекови и бесплатно гориво за возилата на итните служби преку бензинските станици на азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР.

    Поврзани вести:

    САД онеспособија брод што се обидувал да ја пробие блокадата на Иран

    САД онеспособија брод што се обидувал да ја пробие блокадата на Иран

    Макрон предупредува: Европската унија прави голема стратешка грешка

    Макрон предупредува: Европската унија прави голема стратешка грешка

    Студенти во Албанија најавија формирање нова политичка партија

    Студенти во Албанија најавија формирање нова политичка партија

    Израел пред формирање нова влада, Ајзенкот ги интензивира коалициските преговори

    Израел пред формирање нова влада, Ајзенкот ги интензивира коалициските преговори

    Путин најави продолжување на инвестициите во сопствена вештачка интелигенција

    Путин најави продолжување на инвестициите во сопствена вештачка интелигенција

    Обвинителството бара притвор за сопственикот и главен уредник на српски „Информер“

    Обвинителството бара притвор за сопственикот и главен уредник на српски „Информер“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    САД онеспособија брод што се обидувал да ја пробие блокадата на Иран

    28/11/2026

    Макрон предупредува: Европската унија прави голема стратешка грешка

    27/11/2026

    Студенти во Албанија најавија формирање нова политичка партија

    26/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.