Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Мицкоски: Предлог-законот за правосудниот испит не е доставен до Собранието, нема што да се повлече
    Република

    Мицкоски: Предлог-законот за правосудниот испит не е доставен до Собранието, нема што да се повлече

    26/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Предлог-закон за полагање на правосудниот испит сè уште не е доставен до Собранието, поради што не може да стане збор за негово повлекување, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи на денешната собраниска седница.

    Премиерот појасни дека документот што Владата го доставила до Венецијанската комисија е подготвен во форма на закон, со цел да се добие мислење од оваа институција пред да се донесе одлука за натамошното постапување.

    Мицкоски нагласи дека Владата нема да презема дополнителни чекори пред да пристигне мислењето на Венецијанската комисија, по што ќе се одлучува дали и во каква форма законското решение ќе биде доставено до пратениците.

    Според премиерот, ставот на Венецијанската комисија треба да биде почитуван, особено поради значењето на ова прашање во рамките на преговарачкиот процес за членство на Македонија во Европската Унија.

    Доколку мислењето биде негативно, како што посочи Мицкоски, Владата ќе треба да ги разгледа можностите за натамошно постапување. Во случај на позитивно мислење, пак, тој очекува тоа да биде прифатено од сите политички чинители, вклучително и од пратениците во Собранието.

    Мицкоски изрази жалење што во изминатите повеќе од две децении не било пронајдено решение за ова прашање, и покрај тоа што во тој период се менувале влади и министри за правда од различна политичка и етничка припадност.

    Премиерот оцени дека досегашниот процес се одвивал транспарентно и повтори дека Владата и Министерството за правда ќе го почекаат официјалниот став на Венецијанската комисија пред да донесат одлука за следните чекори.

    Поврзани вести:

    Мицкоски на неформална вечера со лидерите од Процесот Брдо-Бриони

    Мицкоски на неформална вечера со лидерите од Процесот Брдо-Бриони

    МПЦ-ОА ги осудува сите облици на насилство, особено семејното, врсничкото и насилството врз жените

    МПЦ-ОА ги осудува сите облици на насилство, особено семејното, врсничкото и насилството врз жените

    Собранието ќе расправа за насилството врз жените и фемицидите штом ќе стигне барањето на опозицијата

    Собранието ќе расправа за насилството врз жените и фемицидите штом ќе стигне барањето на опозицијата

    Седум фемициди за една година, граѓанските организации бараат одговорност: „Заштита денес, а не правда по смртта“

    Седум фемициди за една година, граѓанските организации бараат одговорност: „Заштита денес, а не правда по смртта“

    Македонија под влијание на циклон, до недела се очекуваат обилни врнежи

    Македонија под влијание на циклон, до недела се очекуваат обилни врнежи

    Две исчезнати малолетнички од Штип пронајдени во Струмица

    Две исчезнати малолетнички од Штип пронајдени во Струмица

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски на неформална вечера со лидерите од Процесот Брдо-Бриони

    26/11/2026

    МПЦ-ОА ги осудува сите облици на насилство, особено семејното, врсничкото и насилството врз жените

    26/11/2026

    Собранието ќе расправа за насилството врз жените и фемицидите штом ќе стигне барањето на опозицијата

    26/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.