Со нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа, според министерот за јавна администрација Горан Минчев треба да се создадат појасни правила за функционирањето на државната управа.
Тој на денешната јавна расправа во Собраниетото нагласи дека Законот се темели на четири меѓусебно поврзани системски определби – воспоставување на функционална организација на државната управа, стабилност на институциите преку периодично петгодишно испитување на функционланоста на државните органи, разгранучување меѓу политичката и професионалната одговорност во функционирањето на институциите и зајакнување на правната сигурност.
Законот има и европска димензија и е усогласен со чекорите од Реформската агенда, но како што кажа Минчев, се работи за решение кое е прилагодено на домашните услови, а откако ќе влезе во собраниска процедура потребно е двотретинско мнозинство за да се донесе.
