Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на маргините на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, остварил средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.
Во објава на Фејсбук Муцунски наведува дека посебен акцент со Орбан ставиле на европската перспектива на Западниот Балкан и потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот.
Министерот Муцунски ја поздравил силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан.
Муцунски денеска учествува на министерскиот состанок во Атина на групата „Пријатели на Западен Балкан“ на покана на шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, заедно со министрите за надворешни работи на шест земји членки на ЕУ и на шесте партнери од Западен Балкан, на која присустуваат еврокомесарките Каја Калас и Марта Кос.
