Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Трагедија кај Атина: 70-годишен возач загина откако удрил во наплатна рампа
    Свет

    Трагедија кај Атина: 70-годишен возач загина откако удрил во наплатна рампа

    22/11/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи вечерва на автопатот кај Атина, откако автомобил излетал од патот и со голема брзина удрил во наплатна рампа.

    Несреќата се случила на обиколницата Имитос, на делницата од автопатот Атики Одос, во правец кон атинскиот аеродром.

    Според информациите на грчките медиуми, со возилото управувал 70-годишен маж, кој по силниот удар останал заглавен во автомобилот. На местото веднаш пристигнале противпожарни екипи, кои со специјална опрема успеале да го извлечат возачот.

    Мажот бил во бесознание и итно бил пренесен со амбулантно возило во болницата „Г. Гениматас“, но лекарите не успеале да го спасат и ја констатирале неговата смрт.

    Во спасувачката акција учествувале десет пожарникари со три противпожарни возила.

    Засега не е познато што ја предизвикало несреќата. Надлежните служби вршат увид и ги истражуваат околностите под кои возачот изгубил контрола над возилото и завршил директно во наплатната рампа.

    Поради тешката сообраќајка бил нарушен сообраќајот на оваа делница, која води кон меѓународниот аеродром во Атина. Грчката полиција продолжува со истрагата за да ја утврди точната причина за трагедијата.

    Поврзани вести:

    Србија ќе го намалува бројот на министерства, Чупиќ најави промени во Владата

    Србија ќе го намалува бројот на министерства, Чупиќ најави промени во Владата

    Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан од 2027 година

    Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан од 2027 година

    Драма на летовите на „Кондор“: Десетици патници се разболеле на пат кон Франкфурт

    Драма на летовите на „Кондор“: Десетици патници се разболеле на пат кон Франкфурт

    ИДФ го предупредиле премиерот Бенјамин Нетанјаху дека евентуален напад врз Иран може да предизвика хаос

    ИДФ го предупредиле премиерот Бенјамин Нетанјаху дека евентуален напад врз Иран може да предизвика хаос

    Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина, но поставил еден услов

    Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина, но поставил еден услов

    Германија испраќа 5.000 војници во Литванија: Тестирани борбени дронови со вештачка интелигенција

    Германија испраќа 5.000 војници во Литванија: Тестирани борбени дронови со вештачка интелигенција

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Србија ќе го намалува бројот на министерства, Чупиќ најави промени во Владата

    22/11/2026

    Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан од 2027 година

    22/11/2026

    Драма на летовите на „Кондор“: Десетици патници се разболеле на пат кон Франкфурт

    22/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.