56-годишна жена од Кавадарци е тешко повредена додека ги извршувала работните обврски во маркет во градот, информира Министерството за внатрешни работи.
Според податоците од полицискиот билтен, случајот бил пријавен на 20 ноември во 12 часот во ОВР Кавадарци, откако во Општата болница во Кавадарци била донесена В.Б. (56) со тешки телесни повреди.
Од МВР наведуваат дека жената се повредила на работното место, при извршување на работни задачи во маркетот.
За случајот бил известен трудов инспектор, а увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кавадарци.
Засега нема дополнителни информации за видот на повредите и за околностите под кои дошло до несреќата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
