Девет возачи во текот на изминатото деноноќие биле лишени од слобода на различни локации низ државата поради сомнение дека сториле кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, меѓу приведените има пет лица кои управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за И.И.(19) од Скопје, В.М.(24) од Арачиново, Д.В.(34) од Неготино, С.С.(34) од Битола и В.Ѓ.(39) од Долни Липовиќ, општина Конче.
Кај дел од возачите бил утврдено и управување под дејство на алкохол. Кај В.Ѓ. биле измерени 1,15 промили алкохол во крвта, додека кај Д.В.(28) од Велес алкотестот покажал 1,53 промили.
Полицијата привела и две лица кои управувале возила и покрај изречена активна забрана за управување. Тоа се А.Б.(44) од Црвевци, кичевско и М.Ј.(22) од Песочани, охридско.
Дополнително, А.Ф.(40) од Голема Речица, тетовско, бил запрен поради управување со возило со брзина поголема од дозволената.
По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не управуваат возила без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.
