Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    19/11/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Крива Паланка ќе побара свикување вонредна седница на која ќе предложи усвојување конкретен акциски план за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток.

    Координаторот на советничката група, Александар Рангелов, денеска на прес-конференција посочи дека проблемот со слободното движење на добитокот трае со години, при што граѓаните се соочуваат со материјални штети, а во одредени ситуации е загрозена и нивната безбедност.

    „Доста беше од прес-конференции, меѓусебни обвинувања и префрлање на одговорноста. Време е за конкретни решенија. Наместо да бараме виновници и да чекаме некој друг да ја заврши работата, ние подготвивме конкретен план со мерки, носители на одговорност, рокови, финансиска конструкција и механизам за контрола“, изјави Рангелов.

    Предлог-акцискиот план предвидува повеќе мерки, меѓу кои итна идентификација на критичните локации каде најчесто се движи добитокот, обезбедување оградени простори и мобилни трла за привремено сместување на животните, како и набавка или обезбедување на потребна механизација.

    Во планот се предлага обезбедување два трактора со преден утоварувач, мобилна рампа и друга опрема потребна за постапување во вакви ситуации.

    Дополнително, предвидено е ангажирање на 15 лица за логистичка поддршка, со вклучување на капацитетите на ЈП „Комуналец“, обезбедување вода и храна за животните, како и воспоставување оперативна координација со Агенцијата за храна и ветеринарство за законито заловување, транспорт и понатамошно постапување со добитокот.

    За реализација на предложените мерки, советничката група предлага да бидат издвоени 2.850.000 денари од општинскиот буџет, што изнесува околу 46.300 евра.

    Според планот, оперативната координација треба да биде воспоставена во рок од 24 часа, критичните точки да бидат евидентирани во рок од 48 часа, а локациите за привремено сместување на животните да бидат утврдени најдоцна за три дена. Првиот извештај за преземените активности, според предлогот, треба да биде доставен до Советот во рок од седум дена.

    Рангелов нагласи дека целта не е Општината да ги преземе надлежностите на Агенцијата за храна и ветеринарство, туку локалната власт активно да се вклучи во решавањето на проблемот.

    „Нашето прашање до градоначалникот е едноставно: Што од ова не може да направи Општината? Дали не може да обезбеди простор, механизација, работна сила или координација со надлежните институции?“, праша Рангелов.

    Тој ги повика сите советници, без оглед на политичката припадност, да го поддржат предлогот, оценувајќи дека прашањето не треба да биде предмет на политички поделби, туку на заштита на граѓаните, нивниот имот и јавната безбедност.

    „Кога има волја, се бара решение. Кога нема волја, се бара виновник. Ние понудивме решение. Сега очекуваме Општината да покаже одговорност и реализација“, порача Рангелов.

    Поврзани вести:

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ ги открива бизнис-врските меѓу СДСМ, ДУИ и фирма поврзана со сватот на Ахмети

    ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ ги открива бизнис-врските меѓу СДСМ, ДУИ и фирма поврзана со сватот на Ахмети

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    19/11/2026

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    16/11/2026

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.