Триесетгодишен скопјанец пријавил дека бил мета на закани, откако на својот автомобил пронашол порака со заканувачка содржина, а претходно добил и слична порака преку социјална мрежа.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 15 ноември во 21:15 часот, кога К.Н. (30) од Скопје информирал дека во подземна гаража на станбена зграда во општина Аеродром, на своето патничко возило пронашол ливче со заканувачка содржина.
Пријавителот посочил и дека во текот на претходниот месец добил заканувачка порака преку социјална мрежа, која била поврзана со кошаркарскиот клуб во кој тој моментално настапува.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со пријавените закани.
