Повеќе населени места и улици во општините Илинден, Ѓорче Петров и Центар денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, соопшти ЕВН Македонија.
Според најавата, во периодот од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат потрошувачите на патот кон фармите во Јурумлери, корисниците на улицата „27“ во општина Илинден, како и фирмите што се наоѓаат на таа улица.
Од 09:00 до 16:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во делови од Петровец, поточно кај училиштето и поштата, како и кај Еуроиталија, селото Ржаницино, Радио Фар Ржаницино, Иванов Ржаницино и Маклаб Ржаницино.
Во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Анастас Коцарев“.
Во општина Центар, пак, од 12:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето ќе има за дел од корисниците на улицата „11 Октомври“ број 46.
Од ЕВН информираат дека прекините се планирани поради технички зафати на електродистрибутивната мрежа и апелираат граѓаните од наведените локации навреме да ги планираат своите активности.
