Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард
    Политика

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    16/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, каде што се разгледува Предлог-буџетот за 2027 година, оцени дека вистинската вредност на буџетот не се гледа само во бројките, туку во резултатите што ќе произлезат од вложените средства.

    Според Бојковска, буџетот претставува „економска, развојна и политичка порака“ за насоката во која треба да се движи државата, со фокус на економски раст, инвестиции и подобрување на јавните услуги.

    Таа посочи дека со буџетските проекции за 2027 година се предвидува реален раст на БДП од 3,8 проценти и просечна инфлација од 3,2 проценти.

    „Во првата половина од 2026 имаме економски раст од 3,7 проценти, а во вториот квартал раст од 4,3 проценти. Тоа е основа за оптимизам, дури и во услови на геополитички предизвици“, рече Бојковска.

    Таа направи споредба со претходни периоди, посочувајќи дека, според неа, актуелните економски политики обезбедуваат поголема стабилност и помал притисок врз граѓаните.

    „Во октомври 2026 година годишната инфлација во Македонија изнесува 3,3 проценти, наспроти 4 проценти во еврозоната. За потсетување, во октомври 2022 година, во периодот на владата предводена од СДС, инфлацијата во Македонија достигна 19,8 проценти“, изјави Бојковска.

    Пратеничката посебно се осврна на средствата наменети за образованието, нагласувајќи дека нема силна економија без квалитетен образовен систем.

    За Министерството за образование и наука со Предлог-буџетот за 2027 година се планирани 46,6 милијарди денари. Бојковска информираше дека се предвидени средства за изградба на 30 нови и реконструкција на 30 постојни училишни спортски сали, односно вкупно 60 современи спортски објекти за учениците низ државата.

    За студентските домови, како што посочи, се планирани 431,5 милиони денари за енергетска рехабилитација, а ќе продолжи и реконструкцијата на седум студентски домови во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и Охрид, како и на шест ученички домови.

    Бојковска нагласи дека за студентски стандард се предвидени 1,9 милијарди денари, што претставува зголемување од 7,2 проценти. Средствата, според неа, ќе бидат насочени кон повеќе стипендии и поголема поддршка за студентите.

    „Со новиот модел на студентско стипендирање предвидени се 3.000 студентски стипендии, од кои 1.050 стратешки стипендии во износ од 18.000 денари месечно. Дополнително, предвидени се и стипендии за социјална поддршка, како и за висок академски успех“, рече Бојковска.

    Таа додаде дека за ученички стандард се предвидени 696 милиони денари, што според неа претставува раст од 12,3 проценти.

    Поврзани вести:

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ ги открива бизнис-врските меѓу СДСМ, ДУИ и фирма поврзана со сватот на Ахмети

    ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ ги открива бизнис-врските меѓу СДСМ, ДУИ и фирма поврзана со сватот на Ахмети

    ЗНАМ: Над 30 членови на СДСМ во Ѓорче Петров преминаа во нашите редови

    ЗНАМ: Над 30 членови на СДСМ во Ѓорче Петров преминаа во нашите редови

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема забрана за „Алта банка“ во ЕУ, бараме истрага за кредитот од 5 милиони евра

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема забрана за „Алта банка“ во ЕУ, бараме истрага за кредитот од 5 милиони евра

    СДСМ објави економски податоци: Македонија зад Србија, Црна Гора и Албанија според БДП по жител

    СДСМ објави економски податоци: Македонија зад Србија, Црна Гора и Албанија според БДП по жител

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    16/11/2026

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    15/11/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ ги открива бизнис-врските меѓу СДСМ, ДУИ и фирма поврзана со сватот на Ахмети

    15/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.