Охриѓанец завршил во полициска станица откако бил фатен како управува возило со над три промили алкохол во крвта, по сообраќајна незгода во Охрид.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 14:26 часот на улицата „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Б.П.(44) од Охрид.
Тој претходно учествувал во сообраќајна незгода со автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, кој го управувал, и возило „опел“ со охридски регистарски ознаки управувано од Б.В.(67) од охридското село Лескоец.
При контролата по несреќата, полицијата извршила алкотестирање и кај 44-годишниот возач било утврдено присуство на 3,05 промили алкохол во крвта.
Поради високата концентрација на алкохол, тој веднаш бил исклучен од сообраќај, а по наредба на јавен обвинител возилото било одземено.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот против Б.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
