Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Растодер по првенецот: Одигравме добро, но фудбалот знае да биде суров
    Спорт

    Растодер по првенецот: Одигравме добро, но фудбалот знае да биде суров

    14/11/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонската фудбалска репрезентација го прекина голгетерскиот пост, но не успеа да избегне пораз на гостувањето кај Шкотска, откако загуби со 2:1 во натпревар од Лигата на нации.

    Единствениот погодок за Македонија го постигна Елмин Растодер, кој со својот првенец во националниот дрес донесе надеж дека нашиот тим може да стигне до позитивен резултат.

    По натпреварот, младиот напаѓач не го криеше задоволството за првиот репрезентативен гол, но истакна дека жали што Македонија не успеала да освои барем еден бод во Глазгов.

    „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме подготвени, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на првата статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава. Многу сум горд што постигнав гол за нашата држава. Тоа е мојата задача како напаѓач и ми дава дополнителна енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, изјави Растодер.

    Македонската репрезентација веќе се насочува кон следниот предизвик во Лигата на нации. Во понеделник на арената „Тодор Проески“ во Скопје, избраниците на селекторот ќе ја пречекаат селекцијата на Словенија.

    Поврзани вести:

    (Видео) Аргентина ја почна ерата без Меси со пораз од Уругвај

    (Видео) Аргентина ја почна ерата без Меси со пораз од Уругвај

    Седлоски: ВАР го реши мечот, Македонија не го заслужи поразот од Шкотска

    Седлоски: ВАР го реши мечот, Македонија не го заслужи поразот од Шкотска

    Лига на нации: Германија победи во Белград, Холандија ја прегази Грција со 7:0

    Лига на нации: Германија победи во Белград, Холандија ја прегази Грција со 7:0

    Македонија конечно даде гол, но загуби од Шкотска во Глазгов

    Македонија конечно даде гол, но загуби од Шкотска во Глазгов

    Гаштаров пред Шкотска: Ќе оставиме срце на теренот за Македонија

    Гаштаров пред Шкотска: Ќе оставиме срце на теренот за Македонија

    Италија ја совлада Франција и го презеде врвот во групата во Лигата на нации

    Италија ја совлада Франција и го презеде врвот во групата во Лигата на нации

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Аргентина ја почна ерата без Меси со пораз од Уругвај

    14/11/2026

    Седлоски: ВАР го реши мечот, Македонија не го заслужи поразот од Шкотска

    13/11/2026

    Лига на нации: Германија победи во Белград, Холандија ја прегази Грција со 7:0

    13/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.