Во Музејот на македонската борба за самостојност, утре, од 10 часот, ќе се одржи петтата Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“, во организација на истоименото здружение, во рамките на иницијативата „Мајките за Македонија“.
Според организаторот, иницијативата „Мајките за Македонија“ е разговор за жените „кои знаат дека лидерството и грижата за луѓето бараат посветеност, храброст, трпение и способност да се гледа подалеку од денешниот ден“, а предвидено е да се обратат градоначалничките на Кисела Вода и Неготино, Бети Стаменкоска-Трајкоска и Марија Нацева.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
