Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Одреден едномесечен притвор за братот на Виктор Орбан, осомничен за криумчарење мигранти
    Свет

    Одреден едномесечен притвор за братот на Виктор Орбан, осомничен за криумчарење мигранти

    12/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Унгарски суд му одреди едномесечен притвор на Арон Орбан, брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, поради сомневање дека бил дел од организирана криминална група која се занимавала со криумчарење мигранти, објави агенцијата МТИ.

    Арон Орбан и уште три лица беа уапсени во понеделникот во заедничка акција на Националното биро за истраги (NNI), Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH) и Европол.

    Според истрагата, осомничените од 2022 година наводно им помогнале на повеќе од 100 државјани на Виетнам да добијат визи, при што за посредувањето наплаќале паричен надомест.

    Во рамки на акцијата биле извршени претреси на повеќе локации во Будимпешта, Фот и Дунакеси. Истражителите заплениле документи, електронски уреди и друга опрема што може да послужи како доказ во истрагата за трговија со луѓе и корупција.

    Главното обвинителство во Будимпешта побара притвор за сите четворица осомничени, наведувајќи дека станува збор за тешки кривични дела за кои е предвидена затворска казна од пет до десет години. Обвинителството исто така посочува дека осомничените имаат бројни меѓународни контакти, што, според нив, претставува ризик за истрагата.

    По апсењето на неговиот брат, Виктор Орбан ја обвини актуелната унгарска власт дека случајот има политичка позадина.

    „Јас сум целта; мојот брат е само средство“, напиша Орбан на социјалните мрежи.

    Поврзани вести:

    Кушнер и Виткоф денеска кај Путин, потоа ќе се сретнат и со Зеленски

    Кушнер и Виткоф денеска кај Путин, потоа ќе се сретнат и со Зеленски

    Вучиќ: Би ги игнорирал претседателските избори, во Србија ништо не е нормално

    Вучиќ: Би ги игнорирал претседателските избори, во Србија ништо не е нормално

    Трамп прогласи победа над Иран: Војната ќе заврши кога САД ќе одлучат

    Трамп прогласи победа над Иран: Војната ќе заврши кога САД ќе одлучат

    Почина рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев

    Почина рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев

    Египет стави 35 европски организации на листа на терористички, меѓу нив и здружение од Македонија

    Египет стави 35 европски организации на листа на терористички, меѓу нив и здружение од Македонија

    ГЕРБ бара оставка од бугарската Влада по трагичните несреќи на „Тракија“

    ГЕРБ бара оставка од бугарската Влада по трагичните несреќи на „Тракија“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кушнер и Виткоф денеска кај Путин, потоа ќе се сретнат и со Зеленски

    12/11/2026

    Вучиќ: Би ги игнорирал претседателските избори, во Србија ништо не е нормално

    11/11/2026

    Трамп прогласи победа над Иран: Војната ќе заврши кога САД ќе одлучат

    11/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.