Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Полска слави 108 години независност, до 500.000 луѓе се очекуваат на Маршот во Варшава
    Свет

    Полска слави 108 години независност, до 500.000 луѓе се очекуваат на Маршот во Варшава

    11/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Полска денеска ја одбележува 108-годишнината од обновувањето на својата независност со низа државни свечености, воена парада, културни и спортски настани, како и со традиционалниот Марш на независноста во Варшава, за кој организаторите очекуваат до 500.000 учесници.

    Централната државна церемонија се одржува на Плоштадот Пилсудски пред Гробот на непознатиот војник, каде што е организирана свечена смена на стражата во присуство на полскиот претседател, по што следува и воена парада.

    Полска ја обнови својата независност на 11 ноември 1918 година, по 123 години поделба меѓу Руската Империја, Прусија и Австро-Унгарија. Неколку дена подоцна, на 16 ноември, тогашниот лидер Јозеф Пилсудски испратил телеграма до светските сили со која официјално го известил светот за создавањето на независната полска држава.

    Во Варшава денеска повторно ќе се одржи и Маршот на независноста, кој од 2010 година стана традиционален настан. Организатор е здружението „Марш на независноста“, кое се залага за зачувување на полскиот национален идентитет, суверенитетот и христијанските вредности.

    Маршот се смета за една од најголемите патриотски и националистички манифестации во Европа, а секоја година привлекува десетици илјади учесници, вклучително и националистички движења од други европски земји.

    Рекордната посетеност беше забележана во 2018 година, кога по повод стогодишнината од независноста државната прослава и Маршот на независноста беа обединети, а на улиците на Варшава излегоа повеќе од 250.000 луѓе.

    Годинашниот марш се одржува под мотото „Полјакот е домаќин на сопствената земја!“, а своето присуство го најави и претседателот Карол Навроцки, заедно со претставници на националистички и конзервативни организации.

    Иако во минатото маршевите знаеја да бидат проследени со инциденти, последните години тие поминуваат без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.

    Поврзани вести:

    Високата инфлација ги притисна акциите на Волстрит, инвеститорите стравуваат од ново зголемување на каматите

    Високата инфлација ги притисна акциите на Волстрит, инвеститорите стравуваат од ново зголемување на каматите

    Зеленски: Многу сум задоволен од пораките што ги добиваме од САД

    Зеленски: Многу сум задоволен од пораките што ги добиваме од САД

    Запрен романски камион можеби го предизвикал првиот судир во трагедијата на „Тракија“

    Запрен романски камион можеби го предизвикал првиот судир во трагедијата на „Тракија“

    Која е Кристи Меккормик? Жената што Трамп ја предложи за нова амбасадорка на САД во Македонија

    Која е Кристи Меккормик? Жената што Трамп ја предложи за нова амбасадорка на САД во Македонија

    Во Абу Даби почнаа трилатералните мировни преговори меѓу Русија, САД и Украина

    Во Абу Даби почнаа трилатералните мировни преговори меѓу Русија, САД и Украина

    Во два страотни верижни судари во Бугарија загинаа најмалку 11 лица, а 48 се повредени

    Во два страотни верижни судари во Бугарија загинаа најмалку 11 лица, а 48 се повредени

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Високата инфлација ги притисна акциите на Волстрит, инвеститорите стравуваат од ново зголемување на каматите

    11/11/2026

    Зеленски: Многу сум задоволен од пораките што ги добиваме од САД

    11/11/2026

    Запрен романски камион можеби го предизвикал првиот судир во трагедијата на „Тракија“

    10/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.