Делегации од Русија и Украина денес и утре учествуваат во преговори во Абу Даби, со посредство на Соединетите Американски Држави (САД) што е прва ваква средба од февруари минатата година.
Трилатералните разговори ќе се одржат зад затворени врати и без присуство на медиумите, изјави за „Спутник“ неименуван извор запознаен со организацијата на средбата.
Вашингтон ги смета безбедносните гаранции за Украина и повоените уредувања за клучни прашања во процесот на решавање на конфликтот, а делувајќи како посредник, САД се обидуваат да овозможат постигнување договор што би бил прифатлив за двете стран и би ја опфатил и европската безбедност.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
