Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 11 и 15 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 7 степени, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Според прогнозата на УХМР, до сабота ќе се задржи релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и услови за утринска магла по одделни котлини.
Во недела се очекува продор на постудена воздушна маса од север, што ќе донесе заладување и стабилизирање на временските услови. Во петок, пак, повремено ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец.
