Магистралниот пат А-3, на делницата Ресен – Прилеп, кај населбата Баир во Битола, од утрово е затворен за сообраќај во двата правци.
Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека прекинот е воведен од 08:05 часот, но засега нема детали за причината поради која е затворена патната делница, ниту информација кога се очекува повторно воспоставување на сообраќајот.
Од АМСМ додаваат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, но коловозите се влажни поради врнежите.
Возачите се повикуваат на внимателно управување, намалена брзина и прилагодување на возењето кон условите на патот.
Интензитетот на сообраќај надвор од населените места е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
