Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека премиерот ја донел одлуката за „Алта банка“
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека премиерот ја донел одлуката за „Алта банка“

    08/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ за случајот со „Алта банка“, обвинувајќи ја опозициската партија дека со, како што велат, манипулации се обидува да создаде несигурност кај граѓаните.

    Од партијата реагираат дека не се точни тврдењата оти гувернерот посочил дека одлуката поврзана со „Алта банка“ ја донел премиерот Христијан Мицкоски.

    „Наместо да ги спинуваат изјавите, треба да покажат одговорност и да престанат со свесен обид за создавање паника“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата посочуваат дека надлежните институции работат на изнаоѓање решение со цел граѓаните да не бидат оштетени, а ги обвинија СДСМ и нивните претставници дека со нападите врз институциите, според нив, исполнуваат туѓи агенди.

    ВМРО-ДПМНЕ паралелно упати критики кон поранешната власт, посочувајќи ги, како што велат, финансиските текови поврзани со 110 милиони евра насочени кон струмички фирми поврзани со семејството Заеви.

    Од партијата оценуваат дека СДСМ се обидува да ја префрли одговорноста за случајот со „Алта банка“, иако, според нив, одлуките и надлежностите се утврдени со законската институционална поставеност.

    „Го повикуваме Јавното обвинителство да ги испита наводите и евентуалното постоење елементи на кривично дело саботажа од член 315 од Кривичниот законик“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од СДСМ претходно побараа Обвинителството да отвори истрага за случајот и да ја утврди евентуалната одговорност на сите инволвирани во процесот на влез на „Алта банка“ во Македонија.

    Поврзани вести:

    Славески призна дека Мицкоски ја донел одлуката за „Алта банка“, на потег е ЈО, кажа Димитријевиќ

    Славески призна дека Мицкоски ја донел одлуката за „Алта банка“, на потег е ЈО, кажа Димитријевиќ

    СДСМ обвини за доцнење на плати во ЕСМ и проблеми со општинските плаќања

    СДСМ обвини за доцнење на плати во ЕСМ и проблеми со општинските плаќања

    СДСМ: Димитриевски му создава алиби на Мицкоски за предвремени избори

    СДСМ: Димитриевски му создава алиби на Мицкоски за предвремени избори

    „Разговори за иднината во 12:05“ бара државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите

    „Разговори за иднината во 12:05“ бара државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски одговори за објектот во Влае и поврзаноста со Муслиу

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски одговори за објектот во Влае и поврзаноста со Муслиу

    Во Владата денеска панел-дискусија за Извештајот на Европската комисија

    Во Владата денеска панел-дискусија за Извештајот на Европската комисија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Славески призна дека Мицкоски ја донел одлуката за „Алта банка“, на потег е ЈО, кажа Димитријевиќ

    08/11/2026

    СДСМ обвини за доцнење на плати во ЕСМ и проблеми со општинските плаќања

    08/11/2026

    СДСМ: Димитриевски му создава алиби на Мицкоски за предвремени избори

    07/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.