Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, изрази сочувство до семејствата на загинатите, повредените и до полскиот народ по трагичниот напад во Краков, кој го оцени како терористички чин.
Во порака објавена на социјалната мрежа Икс, Сиљановска-Давкова наведе дека со длабока тага ја примила веста за трагедијата во која загинаа невини луѓе, а повеќе лица беа повредени.
„Во овие тешки моменти, македонскиот народ стои во целосна солидарност со Полска. Ја споделуваме вашата болка и упатуваме најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа трагедија“, порача претседателката.
Таа додаде дека во име на граѓаните на Македонија упатува поддршка до полскиот народ и најостро го осудува насилството кое резултираше со човечки жртви.
Според последните информации, во нападот што се случи на 7 ноември во центарот на Краков загинале шест лица, а најмалку 15 се повредени. Полските власти го истражуваат случајот како терористички напад, а во земјата е прогласена дводневна национална жалост.
