Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерена облачност, а во вечерните часови на поедини места ќе има услови за појава на локален дожд.
Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне меѓу 9 и 15 степени.
Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време, а кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста со можност за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до -1 степен, а дневната ќе достигне до 15 степени.
Според прогнозата, во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од вторник следува период на постабилно време со променлива облачност, додека во петок повторно ќе има услови за слаб локален дожд. Во наредните денови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
