Иран нема да попушти под притисоците од Вашингтон и нема да прифати каква било форма на принуда од САД, порача Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана.
Агаџанпур упати директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека Техеран нема намера да отстапи од своите позиции.
„Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување“, изјави иранскиот претставник.
Тој оцени дека целта на американската администрација е, како што наведе, да го принуди иранскиот народ да ги прифати барањата на Вашингтон и да се откаже од своите ставови.
Сепак, според Агаџанпур, Иран нема да прифати барања што ги смета за нелегитимни и ќе продолжи да се спротивставува на притисоците од своите противници.
