Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 12 и 18 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 6 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Според прогнозата на синоптичарите, до недела ќе преовладува стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот, утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а по одделни котлини повторно ќе има услови за утринска магла.
Од почетокот на следната седмица се очекува постепено зголемување на облачноста, а до нејзината средина ќе има услови и за слаб локален дожд.
