Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Јанев: Откриена организирана криминална група, дејствувала повеќе од пет години
    Република

    Јанев: Откриена организирана криминална група, дејствувала повеќе од пет години

    05/11/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука, информира директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

    Според Јанев, акцијата била спроведена во раните утрински часови од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со специјалните полициски единици.

    При извршените претреси биле пронајдени поголема сума пари, како и документација поврзана со позајмување средства и сомненија за изнуда. Поради пронајдените материјали, истрагата била проширена и во нотарска канцеларија во Куманово.

    Јанев информираше дека е известена и Народната банка, која врши контрола во менувачница поврзана со брат на еден од осомничените, со цел да се утврди потеклото на пронајдените пари.

    По наредба на надлежниот јавен обвинител ќе бидат одземени и возила, мобилни телефони, документација и други предмети кои можат да бидат важни за понатамошната истрага.

    Директорот на БЈБ посочи дека станува збор за организирана криминална група, чии активности, според досегашните сознанија и обезбедената документација, траеле од 2021 година до денес на подрачјето на Куманово.

    Кривичната пријава ќе биде поднесена во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

    Поврзани вести:

    Рокас: Има напредок во Македонија, но корупцијата и судството остануваат клучни предизвици

    Рокас: Има напредок во Македонија, но корупцијата и судството остануваат клучни предизвици

    Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Да одговараат и напаѓачите и родителите

    Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Да одговараат и напаѓачите и родителите

    Евроамбасадорот Рокас му го врачи Извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

    Евроамбасадорот Рокас му го врачи Извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

    Продолжува судењето на деветтемина полицајци обвинети за непостапување при пожарот во кочанската дискотека

    Продолжува судењето на деветтемина полицајци обвинети за непостапување при пожарот во кочанската дискотека

    Голема полициска акција во Куманово поради сомнежи за изнуда и лихварство

    Голема полициска акција во Куманово поради сомнежи за изнуда и лихварство

    Управител на фирма за технички прегледи осомничен за проневера од 41,5 милиони денари

    Управител на фирма за технички прегледи осомничен за проневера од 41,5 милиони денари

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Рокас: Има напредок во Македонија, но корупцијата и судството остануваат клучни предизвици

    05/11/2026

    Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Да одговараат и напаѓачите и родителите

    05/11/2026

    Евроамбасадорот Рокас му го врачи Извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

    05/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.