Платите на припадниците на Армијата и вработените во одбраната ќе бидат во фокусот на денешната прес-конференција на министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Како што е најавено, министерот ќе ги презентира плановите за зголемување на примањата на вработените во секторот одбрана, кое треба да започне да се применува од почетокот на следната година.
На прес-конференцијата ќе присуствуваат и претставници на синдикатите од Армијата и одбраната, кои ќе бидат вклучени во разговорите поврзани со најавените промени во платите.
Од Министерството за одбрана најавуваат дека повеќе детали за висината и начинот на реализација на зголемувањето ќе бидат соопштени на денешниот брифинг.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
