Засилено полициско обезбедување вечерва е распоредено во центарот на Белград, додека по затворањето на гласачките места расте неизвесноста околу изборниот исход. Српските медиуми јавуваат дека во Пионирскиот парк се собираат групи лица облечени во црно, а во оградениот простор повторно се поставуваат шатори.
Според објавите на повеќе медиуми, околу паркот се распоредени припадници на жандармеријата и голем број полициски возила, додека засилено полициско присуство има и во близина на зградата на Републичката изборна комисија.
Во меѓувреме, движењето „Студентите победуваат“ упати апел до граѓаните да не се приближуваат до местата каде што има засилено присуство на полицијата и лица во цивилна облека.
„Ги повикуваме сите граѓани на Белград да не се собираат во близина на местата каде што е забележано засилено присуство на полицијата и на лица без униформи. Безбедно, мирно и достоинствено до крај“, порачаа од студентското движење.
Од Републичката изборна комисија претходно соопштија дека до 18 часот гласале 64,89 проценти од запишаните избирачи. Од Комисијата оценија дека изборниот ден поминал главно мирно, со помали неправилности.
Одговарајќи на прашања за нападите врз новинари и другите инциденти за кои известуваа медиумите и набљудувачката организација ЦРТА, претседателот на Републичката изборна комисија, Владимир Димитријевиќ, изјави дека тие не се случиле на избирачките места и дека за нив се надлежни Министерството за внатрешни работи и обвинителството.
Во однос на металните огради и засиленото полициско обезбедување околу седиштето на Комисијата, Димитријевиќ посочи дека станува збор за безбедносна проценка на полицијата.
Grupa muškaraca obučena u tamnu odeću i uglavnom sa kapuljačama kreće se u Pravcu Pionirskog parka u Beogradu manje od sat vremena do zatvaranja birališta.
Pratite specijalni program PRAVO NA GLAS na Insajder TV i blog uživo na https://t.co/ybyaZCjTKr https://t.co/xg9K1iIreF
— Insajder TV (@Insajder_net) October 25, 2026
