Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Србија во исчекување на изборниот исход, Белград под засилено полициско обезбедување
    Свет

    Србија во исчекување на изборниот исход, Белград под засилено полициско обезбедување

    25/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со затворањето на избирачките места во 20 часот заврши гласањето на предвремените парламентарни избори во Србија, кои минаа во атмосфера на високи политички тензии, засилени безбедносни мерки и голема излезност. Првите проценки за резултатите се очекуваат во текот на вечерта, кога ќе стане појасно кој ќе ја има предноста во трката за новиот парламентарен состав.

    Во Белград вечерва е засилено присуството на полициски сили, а на повеќе локации се распоредени дополнителни полициски службеници и службени возила. Дел од угостителските објекти и локали ги заштитија своите излози со дрвени плочи, поради страв од можни инциденти по објавувањето на резултатите.

    Дополнителни тензии предизвика повторното поставување шатори во Пионерскиот парк, познат како „Ќациленд“, кој и натаму е обезбеден со метални бариери. Според српските медиуми, на локацијата биле забележани камиони со опрема и полициски екипи.

    Студентското движење, кое на овие избори настапува со сопствена изборна листа, непосредно пред затворањето на гласачките места порача дека очекува позитивен изборен резултат и оцени дека „победата никогаш не била поблиску“.

    Во меѓувреме, Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека ќе реагира на секој обид за нарушување на јавниот ред и мир, повикувајќи ги сите учесници во изборниот процес да се воздржат од насилство и од предвремено прогласување изборни резултати.

    Изборниот ден беше обележан и со повеќе пријави за неправилности и инциденти низ Србија. Дел од медиумите известуваа за физички пресметки, напади, употреба на експлозивни направи и повредени лица, додека институциите најавија дека ќе ги испитаат сите пријавени случаи.

    Поврзани вести:

    Нема да се делиме на победници и поразени, порачаа со песна и солзи радосници студентите

    Нема да се делиме на победници и поразени, порачаа со песна и солзи радосници студентите

    Вучиќ призна пораз: Студентската листа освои мнозинство во Србија

    Вучиќ призна пораз: Студентската листа освои мнозинство во Србија

    (Видео) Тензии во Белград: Групи лица со качулки се собираат во Пионирскиот парк

    (Видео) Тензии во Белград: Групи лица со качулки се собираат во Пионирскиот парк

    (Видео) Вучиќ чекаше речиси два часа во редица за да гласа на изборите во Србија

    (Видео) Вучиќ чекаше речиси два часа во редица за да гласа на изборите во Србија

    Трамп гласаше на изборите за Конгресот: Борба за контрола на Вашингтон

    Трамп гласаше на изборите за Конгресот: Борба за контрола на Вашингтон

    Отворени избирачките места: Над 6,5 милиони Бугари избираат претседател

    Отворени избирачките места: Над 6,5 милиони Бугари избираат претседател

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    избори полиција србија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нема да се делиме на победници и поразени, порачаа со песна и солзи радосници студентите

    25/10/2026

    Вучиќ призна пораз: Студентската листа освои мнозинство во Србија

    25/10/2026

    (Видео) Тензии во Белград: Групи лица со качулки се собираат во Пионирскиот парк

    25/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.