Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ: Трошоците за живот зголемени за 4.000 денари, граѓаните под нов притисок
    Политика

    СДСМ: Трошоците за живот зголемени за 4.000 денари, граѓаните под нов притисок

    25/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    СДСМ обвини дека граѓаните се соочуваат со сè поголем притисок врз домашните буџети поради растот на трошоците за живот, оценувајќи дека секој месец носи нови поскапувања.

    Од опозициската партија посочуваат дека од почетокот на годинава трошоците за живот се зголемиле за околу 4.000 денари, додека синдикалната минимална кошничка во октомври надминала 70.000 денари. Со пресметана кирија за стан, според нив, месечните потреби на едно семејство се приближуваат до 90.000 денари.

    Според СДСМ, голем број работници не можат да ги покријат основните трошоци, бидејќи околу 180.000 лица примаат плата пониска од 31.200 денари, а минималната плата изнесува околу 26.000 денари.

    „Работникот работи цел месец, а платата не му стигнува за живот. Реалноста зад ветувањата е животен стандард на една третина од европскиот. Власта ги одби мерките на СДСМ за заштита на стандардот на почетокот на кризата, одби минимална плата од 600 евра и поддршка за земјоделците“, наведуваат од партијата.

    Опозицијата предупредува и на нови зголемувања на трошоците од јануари, особено кај сметките за електрична енергија и парно греење. Од СДСМ велат дека граѓаните се оставени сами да се справуваат со дополнителниот финансиски товар.

    Воедно, партијата го критикува и новиот ребаланс на буџетот, оценувајќи дека не содржи доволно мерки за заштита на животниот стандард, туку отвора простор за ново задолжување. Од СДСМ тврдат дека јавниот долг во изминатите две години е зголемен за четири милијарди евра.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Каде се анкетите што ги најави пред две недели?

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Каде се анкетите што ги најави пред две недели?

    Милошоски: Македонија е добро позиционирана меѓу САД, ЕУ и земјите од регионот

    Милошоски: Македонија е добро позиционирана меѓу САД, ЕУ и земјите од регионот

    СДСМ бара минимална плата од 600 евра, обвини дека граѓаните сè потешко ги покриваат трошоците

    СДСМ бара минимална плата од 600 евра, обвини дека граѓаните сè потешко ги покриваат трошоците

    ВМРО-ДПМНЕ: Изборите во Брвеница покажаа пад на довербата во СДС

    ВМРО-ДПМНЕ: Изборите во Брвеница покажаа пад на довербата во СДС

    СДСМ: Работниците едвај ги покриваат трошоците, потрошувачката кошница над 70 илјади денари

    СДСМ: Работниците едвај ги покриваат трошоците, потрошувачката кошница над 70 илјади денари

    Собранието и МАНУ денеска ќе потпишат колективен договор

    Собранието и МАНУ денеска ќе потпишат колективен договор

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вмро дпмне партија сдсм трошоци
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Каде се анкетите што ги најави пред две недели?

    25/10/2026

    Милошоски: Македонија е добро позиционирана меѓу САД, ЕУ и земјите од регионот

    24/10/2026

    СДСМ бара минимална плата од 600 евра, обвини дека граѓаните сè потешко ги покриваат трошоците

    24/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.