Резервниот состав на Секторот за внатрешни работи Охрид денеска ќе спроведе вежба со гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид.
Вежбата ќе започне во 08 часот, а од СВР Охрид информираат дека пред нејзиното одржување ќе бидат преземени мерки за обезбедување на поширокото подрачје околу стрелиштето.
Полициски службеници ќе извршат теренска обиколка и ќе го обезбедуваат просторот за да се спречи пристап на граѓани во зоните предвидени како безбедносни.
За време на боевото гаѓање ќе биде обезбедена и медицинска екипа од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.
Од полицијата апелираат до граѓаните кои се движат во близина на стрелиштето да ги почитуваат поставените предупредувања и ознаки за забранет пристап, да не навлегуваат во безбедносните зони и да ги следат насоките од полициските службеници на терен.
