Денеска низ земјава ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 6 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 15 до 20 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со можност за слаба магла во утринските часови. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 17 степени.
Според прогнозата на УХМР, од почетокот на новата работна седмица времето ќе биде претежно стабилно и променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во понеделник и вторник повремено ќе биде засилен долж Повардарието.
