Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Огромни редици пред гласачките места во Србија уште пред нивното отворање
    Свет

    Огромни редици пред гласачките места во Србија уште пред нивното отворање

    25/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Уште пред отворањето на избирачките места утринава, низ Србија се формираа долги редици граѓани кои чекаа да го остварат своето право на глас на предвремените парламентарни избори, кои се сметаат за едни од најзначајните во последните години.

    Од повеќе градови пристигнуваат снимки на кои се гледаат колони од гласачи долги стотици метри уште пред 7 часот, кога официјално започна гласањето.

    Голем одѕив е забележан и во дипломатско-конзуларните претставништва на Србија во странство. Според објавените снимки, пред Конзулатот на Србија во Њујорк уште околу еден часот по полноќ по локално време имало стотици граѓани кои чекале да се отвори избирачкото место. Гласањето во странство се организира според времето во Србија.

    Студентското движење, кое е еден од главните политички фактори на овие избори, ги повика граѓаните да гласаат веднаш по отворањето на избирачките места, со цел, како што наведоа, да се намали можноста за евентуални притисоци и инциденти во текот на денот. И на претходните избори беше вообичаено поддржувачите на Српската напредна партија да гласаат во раните утрински часови.

    Предвремените парламентарни избори се оценуваат како најголемиот политички тест за владеењето на претседателот Александар Вучиќ во изминатите 14 години. Неговиот политички блок се соочува со силен предизвик од студентското движење, кое доби широка поддршка по трагедијата со уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица.

    За 250 пратенички места во Народното собрание се натпреваруваат 18 изборни листи, од кои девет се листи на националните малцинства. Право на глас имаат повеќе од 6,45 милиони граѓани, а за влез во парламентот е потребно да се освои најмалку три проценти од гласовите, правило што не важи за малцинските листи.

    Гласачките места се отворени од 7 до 20 часот, по што ќе започне пребројувањето на гласовите.

    Поврзани вести:

    Трамп гласаше на изборите за Конгресот: Борба за контрола на Вашингтон

    Трамп гласаше на изборите за Конгресот: Борба за контрола на Вашингтон

    Отворени избирачките места: Над 6,5 милиони Бугари избираат претседател

    Отворени избирачките места: Над 6,5 милиони Бугари избираат претседател

    Силно невреме го погоди Јадранот, над Пореч се појави морска пијавица

    Силно невреме го погоди Јадранот, над Пореч се појави морска пијавица

    Пезешкијан обвини САД за пропаднатиот договор, но бара нова шанса за преговори

    Пезешкијан обвини САД за пропаднатиот договор, но бара нова шанса за преговори

    (Видео) Ескалираа студентските протести во Албанија, полицијата интервенираше со водени топови

    (Видео) Ескалираа студентските протести во Албанија, полицијата интервенираше со водени топови

    Застрелан бугарскиот бизнисмен и политичар Слави Бинев, тројца приведени за убиството

    Застрелан бугарскиот бизнисмен и политичар Слави Бинев, тројца приведени за убиството

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вучиќ гласање гласачи гужва србија студенти
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп гласаше на изборите за Конгресот: Борба за контрола на Вашингтон

    25/10/2026

    Отворени избирачките места: Над 6,5 милиони Бугари избираат претседател

    25/10/2026

    Силно невреме го погоди Јадранот, над Пореч се појави морска пијавица

    24/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.