Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»(Видео) Ескалираа студентските протести во Албанија, полицијата интервенираше со водени топови
    Свет

    (Видео) Ескалираа студентските протести во Албанија, полицијата интервенираше со водени топови

    24/10/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Тензично беше денеска во Тирана, каде што протестите пред Министерството за образование прераснаа во судири меѓу демонстрантите и полицијата. Поддржувачи на албанската Демократска партија, кои се приклучија на студентските протести, фрлаа камења кон зградата на Министерството, палеа контејнери и столици, а полицијата интервенираше со водени топови и, според локалните медиуми, со гумени куршуми.

    Нередите избувнаа за време на протестниот собир организиран како поддршка на студентите, кои веќе 12 дена протестираат поради состојбата во образовниот систем, високите трошоци за студирање и ограничените можности за вработување на младите.

    Пред почетокот на протестот, поддржувачите на Демократската партија запалија столици поставени пред зградата на Владата, кои премиерот Еди Рама претходно ги остави како симболична покана за дијалог со студентите.

    И покрај ескалацијата на протестите, Рама повторно повика на разговори. На социјалните мрежи објави видео од просторот пред неговата канцеларија, каде што на камена маса беа поставени листови со натпис „дијалог“, повторувајќи ја пораката дека е подготвен за средба со студентите.

    Студентите, сепак, и натаму ги одбиваат повиците за разговор, а нивните првични барања поврзани со образованието во меѓувреме прераснаа во пошироки антивладини протести, на кои се бара и оставка од премиерот Еди Рама.

    Поврзани вести:

    Силно невреме го погоди Јадранот, над Пореч се појави морска пијавица

    Силно невреме го погоди Јадранот, над Пореч се појави морска пијавица

    Пезешкијан обвини САД за пропаднатиот договор, но бара нова шанса за преговори

    Пезешкијан обвини САД за пропаднатиот договор, но бара нова шанса за преговори

    Застрелан бугарскиот бизнисмен и политичар Слави Бинев, тројца приведени за убиството

    Застрелан бугарскиот бизнисмен и политичар Слави Бинев, тројца приведени за убиството

    Вечерва се враќа зимското сметање на времето, стрелките се поместуваат еден час наназад

    Вечерва се враќа зимското сметање на времето, стрелките се поместуваат еден час наназад

    Нови закани кон Иран: Трамп не ја исклучува можноста за нов американски напад

    Нови закани кон Иран: Трамп не ја исклучува можноста за нов американски напад

    Франција распоредува 70.000 припадници на безбедносните сили поради масовните протести

    Франција распоредува 70.000 припадници на безбедносните сили поради масовните протести

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    полиција протести Тирана
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Силно невреме го погоди Јадранот, над Пореч се појави морска пијавица

    24/10/2026

    Пезешкијан обвини САД за пропаднатиот договор, но бара нова шанса за преговори

    24/10/2026

    Застрелан бугарскиот бизнисмен и политичар Слави Бинев, тројца приведени за убиството

    24/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.