Истакнатиот бугарски бизнисмен, спортист и политичар Слави Бинев бил застрелан во Софија, а полицијата привела три лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот.
Според информациите на бугарските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, пријавата за застрелано лице била добиена преку бројот за итни случаи 112 околу 10:18 часот. На местото на настанот биле испратени полициски екипи, кои го пронашле Бинев.
Од Дирекцијата за внатрешни работи на Софија соопштија дека тројца осомничени биле лоцирани и уапсени по брза полициска акција. Според првичните информации, тие биле чести гости кај Бинев, а го посетиле и ден пред убиството.
Полицијата информира дека сведок слушнал истрел, по што забележал како лицата го напуштаат местото со автомобил. Возилото било забележано при излез од Софија, а осомничените биле пресретнати во близина на тунелот „Трајанови врати“, каде што бил изведен полициски маневар за блокирање на автомобилот.
Меѓу приведените, според полициските информации, има две лица со турски имиња и едно лице со бугарска лична карта.
Слави Бинев, роден во 1965 година во Софија, во јавноста бил познат како успешен теквондист, бизнисмен и политичар. Во спортската кариера го освои звањето апсолутен европски шампион во теквондо во 1992 година, а подоцна извршувал функции како спортски судија, тренер и администратор.
Покрај спортот, Бинев развивал бизниси во повеќе области, меѓу кои безбедност, градежништво и индустријата за забава. Политичкиот ангажман го започнал во 2007 година како европратеник, а подоцна бил и пратеник во Народното собрание на Бугарија.
Истрагата за убиството продолжува, а полицијата работи на утврдување на мотивите и целосните околности под кои се случил нападот.