Куќа во скопското село Тисовица целосно изгорела во пожар што избувнал во текот на вчерашниот ден, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 22 октомври во 18:00 часот, а пожарот избувнал околу 13:00 часот во домот на 37-годишниот Р.Е. од село Тисовица, во Општина Зелениково.
Сопственикот се обидел сам да го изгаси пожарот, но не успеал, по што огнот целосно ја зафатил и уништил куќата.
Во пожарот нема повредени лица.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
