Општина Гази Баба започна со обележување и освежување на пешачките премини на територијата на Општината, за да се создадат побезбедни услови за пешаците – за децата на пат кон училиште, за повозрасните и за секој наш сограѓанин, соопштија од таму.
Општината апелира до возачите да ја намалат брзината, да бидат внимателни и да им даваат предност на пешаците. На пешаците им порача да ги користат обележаните премини и да преминуваат внимателно бидејќи безбедноста е заедничка одговорност.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
