Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Петрушевски: Филипче води селективна борба против корупцијата во СДС
    Политика

    Петрушевски: Филипче води селективна борба против корупцијата во СДС

    05/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција го обвини лидерот на СДС, Венко Филипче, дека води селективна борба против криминалот и дека ги користи антикорупциските наративи за пресметка со внатрепартиски неистомисленици.

    Петрушевски се осврна на актуелните обвинувања за скандал тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана од времето кога министерка беше Славјанка Петровска, која сега е дел од платформата „12.05“ за реформи во СДС:

    – Венко Филипче и талогот од СДС зборуваат само за ЕУ и нашето пристапување во ЕУ по секоја цена. Во оваа прилика им укажуваме дека еден од главните услови за ЕУ е токму борбата против корупцијата. Ова што Филипче сега го прави изгледа како селективна борба против корупцијата и борба против сопартијци кои му се неистомисленици. Меѓу нив последен е случајот кој го наведе, поточно скандал тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана кога министерка беше Славјанка Петровска, актуелна пратеничка на СДС, а сега и дел од платформата 12.05 која бара промени во СДС – истакна Петрушевски.

    Тој повика институциите да постапат, а од Филипче побара конкретни докази и документи да бидат доставени до надлежните органи:

    – За овој случај ВМРО-ДПМНЕ го повика јавното обвинителство да постапи, како што го повикува за секој еден случај со корупција и криминал без разлика кој е осомничен. Филипче пак е должен за овој случај и за било кој друг, каде има сомнеж за криминал, да ги достави до јавното обвинителство сите информации со кои располага. Филипче воедно треба да информира и да доставува информации до обвинителството за секој случај без разлика кој е осомничен. Во спротивно ќе сметаме дека Филипче лаже и применува двојни аршини – порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Поврзани вести:

    СДСМ со критики до Владата: Граѓаните плаќаат за погрешните економски политики

    СДСМ со критики до Владата: Граѓаните плаќаат за погрешните економски политики

    Африм Гаши ќе ги пречека поранешните претседатели на Собранието

    Африм Гаши ќе ги пречека поранешните претседатели на Собранието

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Филипче одговори за наводите за набавката на хеликоптери

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Филипче одговори за наводите за набавката на хеликоптери

    СДСМ со критики до Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Му ја одзедоа лагата за европскиот пат

    СДСМ со критики до Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Му ја одзедоа лагата за европскиот пат

    ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска ја призна работата на Владата за македонскиот идентитет

    ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска ја призна работата на Владата за македонскиот идентитет

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ со критики до Владата: Граѓаните плаќаат за погрешните економски политики

    05/10/2026

    Африм Гаши ќе ги пречека поранешните претседатели на Собранието

    05/10/2026

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Филипче одговори за наводите за набавката на хеликоптери

    04/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.