Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случила во близина на Белви, каде според првичните информации дошло до судир меѓу три автомобили и автобус.
По несреќата, на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која им укажала помош на повредените, по што тие биле транспортирани во болница.
Од силниот удар, едно од возилата се завртело и удрило во заштитната ограда покрај патот, а на коловозот останале расфрлани делови од оштетените автомобили.
Засега нема официјални информации за степенот на повредите на учесниците во несреќата, ниту за причините што довеле до судирот.
Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот што го вршат надлежните екипи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
