Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Акција кај Бит-пазар: Отстранети диви тезги и запленети 500 килограми храна
    Скопје

    Акција кај Бит-пазар: Отстранети диви тезги и запленети 500 килограми храна

    29/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со надлежните институции, спроведоа вонредна контрола на дивите продавачи на земјоделски производи поставени долж булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје.

    Акцијата била реализирана во раните утрински часови на потегот од трговскиот центар „Мавровка“ до Бит-пазар, а во неа учествувале и комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи.

    Од АХВ информираат дека биле отстранети сите диво поставени тезги, од кои најголем дел биле наменети за продажба на овошје и зеленчук. При контролата биле одземени околу 500 килограми храна, претежно земјоделски производи, како и целата опрема за продажба поставена на пешачките и велосипедските патеки.

    „Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми и отстранета е целокупната опрема за продажба што била диво поставена на пешачките и велосипедските патеки. На сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки“, соопштија од АХВ.

    Од Агенцијата дополнително информираат дека во одделна акција со СВР Гостивар, официјални ветеринари извршиле контрола на приватен имот во селото Чајле, каде што биле пронајдени 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

    Небезбедното месо било запленето и уништено на депонијата „Русино“.

    Поврзани вести:

    Дефект на приклучна цевка остави без вода дел од улицата „Лермонтова“ во Центар

    Дефект на приклучна цевка остави без вода дел од улицата „Лермонтова“ во Центар

    Аеродром ги обновува јавните површини, нови клупи и канти во повеќе населби

    Аеродром ги обновува јавните површини, нови клупи и канти во повеќе населби

    Стаменкоска-Трајкоска: Транспарентноста е најсилната алатка за спречување на корупцијата

    Стаменкоска-Трајкоска: Транспарентноста е најсилната алатка за спречување на корупцијата

    Решен долгогодишниот проблем со протекување во ООУ „Гоце Делчев“ во Центар

    Решен долгогодишниот проблем со протекување во ООУ „Гоце Делчев“ во Центар

    Почна реконструкцијата на „Костурска“ во Скопје Север

    Почна реконструкцијата на „Костурска“ во Скопје Север

    Делови од три скопски општини денеска ќе останат без електрична енергија

    Делови од три скопски општини денеска ќе останат без електрична енергија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дефект на приклучна цевка остави без вода дел од улицата „Лермонтова“ во Центар

    30/09/2026

    Аеродром ги обновува јавните површини, нови клупи и канти во повеќе населби

    29/09/2026

    Стаменкоска-Трајкоска: Транспарентноста е најсилната алатка за спречување на корупцијата

    29/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.