Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Стаменкоска-Трајкоска: Транспарентноста е најсилната алатка за спречување на корупцијата
    Скопје

    Стаменкоска-Трајкоска: Транспарентноста е најсилната алатка за спречување на корупцијата

    29/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, учествуваше на јавно-приватен дијалог кој ги собра претставниците на локалните институции, бизнис-секторот и младите од општината, со цел отворање на теми поврзани со подобрување на деловното опкружување и јакнење на антикорупциските механизми.

    Настанот беше организиран во рамки на проектот за мобилизирање на малите и средните претпријатија како лидери против корупцијата, чиј организатор и кофинансиер е Фондацијата „Конрад Аденауер“, во соработка со Европската Унија.

    Во фокусот на дискусијата биле предизвиците со кои се соочуваат компаниите на локално ниво, особено во делот на транспарентноста, јавните набавки и административните процедури. Учесниците размениле искуства и предлози кои треба да придонесат за креирање препораки за подобрување на локалните политики и унапредување на механизмите за спречување на корупцијата.

    Стаменкоска-Трајкоска порача дека создавањето стабилна и стимулативна бизнис-средина мора да се темели на владеење на правото, транспарентност и еднакви услови за сите.

    „Корупцијата не е само изолиран предизвик, туку сериозна пречка за економскиот напредок, ја нарушува лојалната конкуренција и ја намалува довербата на граѓаните. Нашиот одговор мора да биде бескомпромисно законско работење и целосна транспарентност“, истакна градоначалничката.

    Таа нагласи дека Општина Кисела Вода има воспоставено Совет на стопанственици преку кој директно се слушаат потребите и предлозите на деловниот сектор.

    „Силна бизнис-заедница значи реална можност за кариерен развој, финансиска стабилност и мотив младите да го градат својот живот тука, во својата земја“, додаде Стаменкоска-Трајкоска.

    На настанот свои обраќања имаа и претседателката на Здружението на бизнис-жени, Валентина Дисоска, како и претставникот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Александар Цеков, кои ја истакнаа важноста од заедничко делување на институциите, компаниите и граѓанскиот сектор.

    Во завршниот дел беше најавено дека претставниците на малите и средните претпријатија ќе можат да посетуваат бесплатна обука и да се стекнат со сертификатот „Бизнис со интегритет“.

    Поврзани вести:

    Тажна вест: Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и тренер на Шкендија

    Тажна вест: Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и тренер на Шкендија

    Каменик конечно ќе добие вода за пиење, по водоводот следува и нов асфалт, најави премиерот Мицкоски

    Каменик конечно ќе добие вода за пиење, по водоводот следува и нов асфалт, најави премиерот Мицкоски

    По повод празникот на градот, деца од скопските градинки креираа макети на значајните објекти во Скопје

    По повод празникот на градот, деца од скопските градинки креираа макети на значајните објекти во Скопје

    Новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково ги отвори вратите за најмалите жители

    Новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково ги отвори вратите за најмалите жители

    Четири скопски општини денеска без струја поради планирани интервенции

    Четири скопски општини денеска без струја поради планирани интервенции

    13 Ноември – денот кога Скопје ја избори својата слобода

    13 Ноември – денот кога Скопје ја избори својата слобода

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Тажна вест: Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и тренер на Шкендија

    14/11/2026

    Каменик конечно ќе добие вода за пиење, по водоводот следува и нов асфалт, најави премиерот Мицкоски

    14/11/2026

    По повод празникот на градот, деца од скопските градинки креираа макети на значајните објекти во Скопје

    13/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.